Your address will show here +12 34 56 78
Марио Јовановски
Марио Јовановски е персонален и online фитнес тренер со повеќегодишно искуство во областа на фитнесот и бодибилдингот и познавање на нутритивниот дел на фитнес животниот стил, тежинскиот тренинг и спортските суплементи. Инспириран од својата психофизичка трансформација и прогрес низ годините, неговата пасија е промовирање, едуцирање и кревање на свесноста на фитнес животниот стил кој подразбира практикување на редовна физичка активност, конзумирање на здрава, балансирана исхрана независно од годините, полот и моменталната физичка спремност. Знаејќи ја клучната улогата и искучителната важност на сите елементи за практикување на здрав начин на живот, успешно им помага на своите клиенти да ги достигнат своите цели, трансформирајќи го нивниот моментален животен стил, исфрлање на старите, лоши и имплементирање на нови, здрави навики кои ќе помогнат за стекнување на перманентни, позитивни сихофизички промени на здравјето, навиките за јадење кои секако ќе бидат комплементерни при достигнување на заедничко зацртаната цел.