Софија е психолог и фитнес тренер. Синергијата помеѓу психологијата и фитнесот и помогнале на Софија да се развие во подобра личност.
Промените во начинот на размислување направени преку времето поминато во теретана, едукација и надоградување на себе траат веќе активно 5 години. Работата како психолог и (online) фитнес тренер ја имаат научено дека пред се треба нештото да го сакаш за да можеш да напредуваш.
Сопствениот напредок и желба за раст и промена, со силен ментален склоп е според нејзе нешто што е клучно во светот на спортот. Затоа според Софија е многу важно тренирањето на умот исто како и тренирањето на телото.
Ако умот и телото имаат кохезија тогаш може да се зборува за комплетна личност која може да се гради себе си физички и психички.
Таа им помага на своите клиенти да пронајдат кои се нивните цели и преку правење на соодветни програми и исхрана и да ги остварат.
Исто така работи со нив и на личен раст и развој, креирајќи сигурна средина во која клиентите имаат можност да работат на својата дисциплина, стари навики, поголема самодоверба и вештини за справување.
Преку креирање на здрави животни навики може да се подобри целокупниот психофизички развој, што може да биде од посебно знаење за некој од нас во одреден период.
„СЕТО ТОА ШТО ЧОВЕКОВИОТ УМ МОЖЕ ДА ГО ЗАМИСЛИ И ВЕРУВА ВО ТОА-ТОЈ МОЖЕ И ДА ГО ПОСТИГНЕ!“