Your address will show here +12 34 56 78
Елена Бубало
Групен и персонален фитнес тренер.

Дипломиран Биохемиски инжинер и специјализација на ДИФ за групни и персонални активности.Повеќе од 10 години работам како тренер, почнувајќи од аеробик па денес стигнав до програма која ја крстив Total Body Workout by Bubalo (програма која вклучува вежби за целото тело, со различен интензитет, интервал, комбинации од вежби со соптсвена килажа па до вежби со реквизити, се со цел да му овоможиме на телото да функционира здраво  и правилно на долги стази) следејќи многу семинари, конгреси, предавања и обуки, бидеќи е ова една жива материја која бара следење на нови истражувања и трендови.Заедно со Атанас учествуваме во многу спортски проекти со цел да пренесеме порака колку е важно да се сите физички активни без разлика на нивната подготвеност, пол, возраст, обврски и оправдувања. Воедно заедно им држиме предавања и ги учиме за правилна исхрана, од биохемиски аспект и како се ова да им биде секојдневие и дел од нивниот живот.Целта ми е да имам огромна бројка на девојки, мајки, жени, момци кои ќе посветат време за себе и рекреативно ќе вежбаат, за да придонесат за подобро психофизичко здравје.