Your address will show here +12 34 56 78
Атанас Михајловски
Серифициран тренер за Cross Fit, ниво 2.

Активен уште од мали нозе почнувајќи од фолклор природно наматната ми беше потребата од активен начин на живот. По дипломирањето на информатичкиот факултет во Битола почнувам со работа како телекомуникациски инженер и во исто време го откривам Кросфитот и се вљубувам во него и неговиот концепт. Тој по дефиниција е силова и кондициска програма која се имплеметира преку функционални движења изведувани со релативно висок интензитет постојано променети по време или модус. Генерално можеме да го опишеме како спој и комбинација од гимнастички вежби (движење на сопственото тело низ просторот), подигање на терет (олимписко подигање, тегови, справување со нестандардни објекти) и моноструктурни-кондициски вежби (трчање, возење велосипед, веслање, скокање јаже и слично). Целта на нашите групни часови е што е можно повисоко да ја доведеме општата физичка подготвеност на нашите клиенти во групните часови. Истиот концепт го користиме при работа со професионални атлети од различни спортови како пред сезонските подготовки така и во сезона.